ТЕМА БРОЈ 1: НАШАТА ТАТКОВИНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЦЕЛИ:
Општество:
ученикот/ученичката -да се запознае со карактеристиките ан Р.М. како држава; - да ги согледува разликите помеѓу РМ и нејзините соседи; - да ги знае симболите на РМ; - да се запознае со основните стопански, политички и културни функции на главниот град на Р.М.; - да умее да ја одреди местоположбата на нашата татковина на геграфската карта и на глобусот во регионот и пошироко; - да знае да ги опише природните карактеристики на Р.М.; - да се запознае со одделните периоди од македонското минато; - да знае за формирањето на современата македонска држава на крајот на Втората светска војна; - да знае за формирањето на суверена Р.М. во 1991; - да се запознае со државното уредување на Р.М.; - да ги знае најважните државни институции; - да се запознае со поимот население; - да ја знае големината и структурата на населението во Р.М. и неговите белези; - да се запознае со најважните стопански гранки во Р.М.; - да ги запознава природните услови и можности за развој на одделни стопански гранки во Р.М.; - да ги запознава туристичките центри и локалитети во Р.М.; - да ја знае функцијата на поважните културни институции; - да знае како да се однесува при посета на институциите на културата; - да ги запознава верските различности на населението во Р.М.; - да се запознае со религиите во Р.М.; - да го запознае начинот на верското организирање; - да ги знае правата и должностите на граѓаните во Р.М. |
НАСТАВНИ ЛИСТОВИ, ТЕСТОВИ, КВИЗОВИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ ......
|